Од почетокот на отворањето на јавниот повик за субвенции за инвертери поднесени се 2.249 апликации, а остануваат средства за уште речиси 3.000 барања.
Град Скопје ги потсетува граѓаните од сите скопски општини дека е во тек јавниот повик за доделување субвенции за инвертер клима-уреди за затоплување на домаќинствата, каде што граѓаните може да аплицираат онлајн.
Повикот ги опфаќа граѓаните што купиле инвертер од 1.1.2020 година до завршувањето на повикот на 30.11.2020 година или до денот на исцрпување на средствата.
На граѓаните ќе им бидат целосно надоместени трошоците за набавка на инвертер-уред, но не поголема од 62.000 денари во нето-износ.
Сите информации за повикот, како и формуларите за електронското пријавување, се објавени на следниот линк: https://www.surveymonkey.com/r/gradskopje-inverter2020.